-Не е демократски и не е во духот на вредностите да им забраните на луѓето да се борат, да ја исправат неправдата којашто тие мислат дека им е ненесена, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на „Топ Тема“ на Телма телевизија, откако се наметна прашањето со Преспанскиот договор.

Она што неколкупати го има кажано, Мицкоски и вечерва го повтори – не треба да се дозволи ниту политичарите или било кој друг да ја игнорира реалноста, но тоа не значи дека треба да им забранува на граѓаните да се борат и со тоа да ја исправат таа неправда со договорот од Преспа.

-Ако кажам дека ќе ја игнорираме, нема да бидам искрен спрема вас и спрема граѓаните. Таа реалност никој не ја игнорира, но ние ќе се бориме да ја исправиме таа реалност. Ние како политичари сме луѓе коишто ќе се борат да ја исправат таа неправда, истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.