Отворањето на преговори за членство во ЕУ треба да е одраз на заслуги за да има успех и за вас и за Европа. Не е целта само да се почнат преговори, туку сите точки да ги исполните, да ги реализирате и Македонија да почне преговори.

Ова го истакна денеска францускиот амбасадор Кристиан Тимоние на новинарско прашање за почетокот на преговори на Македонија со ЕУ по одржаното предавање пред студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово на тема „Надворешната политика на Франција“.

Нашата цел е да стремиме кон тоа да креираме независна Европа која што ќе соработува со сите земји членки. Исто така со сите држави на целиот свет. Со цел што повеќе да се интегрираме и соработуваме, рече амбасадорот околу надворешната политика на Франција.

Амбасадорот на Франција порача дека има одлични услови и стипендии за учење француски јазик во неговата земја, а се прават обиди да има добри можности за тоа и на македонските универзитети.

На средба со раководството на УЈИЕ се разговарало токму за поинтензивна соработка околу студии по француски јазик.

Бевме активни на почеток на создавање на Универзитетот и сега сакаме да се посветиме на УЈИЕ со нашите активности. Тоа е дел од стратегија на Франција за ангажирање во Балканот. Успеавме од 20 да достигнеме до 40 студенти што изучуваат француски јазик. Се студира француски истовремено и на други студии, пример по право, и тоа е добро и за нас и за вас. Ние имаме студенти Македонци кои се мошне успешни во Франција па го поставувам прашањето зошто да немаме студенти Албанци кои ќе имаат успех исто така во Франција. Има стипендии и други услови, зошто да не се користат. Гледаме дека има заинтересираност од надлежните на Универзитетот во рамки на програмата Еразмус, а пример за тоа е Универзитетот во Лил, истакна Тимоние.

На УЈИЕ редовно се одржуваат предавања од страна на амбасадорите. Минатиот месец предавање имаше американската амбасадорка Кејт Мери Брнз.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.