Советот на македонски заедници во Австралија испрати отворено писмо до генералниот менаџер на „Канал 31“ Шејн Данлоп, по повод информациите дека австралиската телевизија ја разгледува можноста за преименување на македонската програма „Македонците во Австралија“ како „северномакедонска“ поради, како што наведуваат, притисокот од грчките националистички кругови, пренесува „Нова Македонија“
Македонскиот народ во Австралија не е обврзан од условите на нелегалниот и неуставен Преспански договор што беше мнозински одбиен од страна на граѓаните на Македонија на референдумот одржан на 30 септември 2018 година. На овој референдум македонскиот народ убедливо ја одби предложената промена на името со навредливиот и денационализирачки назив Македонија, како и придавките кои произлегуваат од него и забраната за официјална употреба на националните симболи, се вели меѓудругото во отвореното писмо, во кое се додава дека Македонците во Австралија го отфрлаат Преспанскиот договор, како и дека тој не ја обврзува Австралија да го почитува на кој било начин.
Повеќе на Нова Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.