Владата уште првиот ден од официјалното кревање на знамето пред седиштетото на НАТО реши да побара помош од Алијансата.

Согласно заклучокот од 14-тиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, Владата денеска заклучи да побара од НАТО да бидат активирани механизмите за цивилна заштита во услови на вонредни состојби на Евро-атлантскиот Центар за координиран одговор во случаи на катастрофи (Euro-Atlantic Disaster Response Coordination Centre – EADRCC).

Покрај тоа, задолжи работна група предводена од Секретаријатот за европски прашања, кој ја координира меѓународната помош, да подготви листа на приоритети за кои е неопходна идна асистенција од овие механизми

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.