Новите аудио разговори кои денеска беа објавени на „Јутуб“ на кои се слуша како глас кој наликува на бизнисменот Орце Камчев не се во доказите за таканаречениот случајот „Рекет“ кои биле доставени до обвинителството. Ова денеска го потврди шефицата на Обвителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

„Првпат ги слушам овие снимки. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени“, вели Русковска и додава дека обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на Јутјуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.