Тука сме вечерва во огромен број да кажеме дека правдата е нападната од неправдата, да ја кажеме вистината дека судската и обвинителската власт е брутално згазена – го започна своето обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНе, Христијан Мицкоски на протестот против, како што велат, неправдите кои власта на Зоран Заев ги нанесе на Македонија.

Мицкоски говорот го започна со поздрав до припадницитена МВР. Тој нагласи дека аудио материјалот докажува и покажува мафија. Мафија која владее со секоја пора власт која треба да е независна, а не е!

-Мафија која ја одзема слободата и правдата. Мафија која три години е сојузник со криминалот кој останува неказнет. Мафија која ослободува убијци на мали деца додека премиерот си прави селфи со убијците, додека родителите на чедата од Смилковско со грч и горчина во срцата од неправдите живеат со помислата дека убијците се на слобода. Мафија која диктира обвиненија, диктира пресуди на судии. Мафија која како свое царство го негува хибридниот режим на Заев. И за ова има неколкумина одговорни, но еден е највиновен, а тоа е Зоран Заев. Зоран Заев е виновен затоа што тој во исто време е премиер, обвинител и судија. Виновен е затоа што е главен рекетар, преговарач, главен збавувач кога се во прашање гафовите, но и трговец со витални органи на нашата Македонија. И едно досега научивме, на човекот не му е тешко да украде, да изглуми, да се посрамоти, но само не му барајте да биде чесен, затоа што е нечесен од глава до пети. А и најлесно му е да не ја говори вистината излаже. Затоа што тоа покрај крадењето тоа го прави најдобро – рече Мицкоски.

Во исто време толпата скандираше против Зоран Заев, посочувајќи Виновен, Мафија…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.