Откако денеска беше објавена анкета која е наводно на Националниот демократски институт, институтот излезе со тврдење дека се работи за лажна вест. Велат такви информации не се објавени од страна на НДИ.

Националниот демократски институт дознава дека ограничени информации од нашето неодамнешно истражување на јавното мислење се појавија на одредени онлајн портали со логото на НДИ. Би сакале да истакнеме дека овие информации не се објавени од НДИ, дека се извадени од контекст и не се дел од официјалната верзија која е споделена со политичките партии. Наскоро, НДИ ќе ги објави информациите од своето истражување и ќе бидат достапни за јавноста. Во меѓувреме, би сакале да апелираме до сите политички партии и медиумите да се воздржат од објавување неофицијални податоци кои немаат извор, особено за рејтинзи на политичките партии и лидери за време на овие тешки времиња и вонредната ситуација во државата – реагираат од НДИ.

Анкетата беше објавена на медиуми блиски до владејачката СДСМ,а истата беше шерувана и од странана нивни партиски функционери и активисти.

Според наводните резултати, лиферувани од провладините медиуми, СДСМ водеше со БЕСА за 5% пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а Заев имаше најголема доверба меѓу граѓаните. Информациите на медиумите на СДСМ, очебијно биле лажна вест, за што потврди и самата НДИ.

Дали СДСМ ќе ги санкционира своите за ширење на лажни вести?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.