Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков, денес, назначени се нови В.Д. директори на општинските Јавни претпријатија ВО оХРИД..

Во јавното претријатие „Охридски комуналец“ назначен за в.д. директор е Саше Најдески. Магистер е по право од областа на деловното право. Дипломските и постдипломските студии ги завршува на правниот факултет „Јустинијан Први“. Претходно има работено во Основен суд 2 во Скопје и во адвокатска канцеларија, а сега е вработен во Основен Суд Охрид.

Во Јавното претријатие „Нискоградба“ назначен за в.д. директор е Александар Трпеноски. Тој има дипломирано на информатички технологии на Техничкиот факултет во Битола, а работи во Министерство за информатичко општество и администрација.

Сашо Сотироски е новиот в.д. директор на ЈП „Водовод“. Има завршено на Технички факултет во Битола, сообраќаен смер. Од 1998 година работи во јавното претпријатие „Водовод“ каде извршува повеќе функции.

Теодор Андоноски е в.д. директор во ЈП „Билјанини извори“. Андоноски е дипломиран политиколог, а вработен е во јавното препријатие „Билјанини извори“.

Во Јавното претпријатие „Градски Гробишта“ за вршител на должноста директор е назначен Мите Здравески. Има дипломирано на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и се стекнал со диплома дипломиран правник. Има 25 години работно искуство во јавните претпријатија „Охридски Комуналец“ , „Погребално“ и „Градски Гробишта.

Александар Попоски ќе ја извршува функцијата в.д. директор на ЈП „Градски Пазар“. Има дипломирано на Техничкиот факултет во Битола на сообраќаен смер. Во два мандати е советник во Советот на општина Охрид, а од 2009 година работи во ЈП „Охридски комуналец“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.