Директорката на Клиниката за дерматовенерологија Нина Цаца Биљановска и официјално е разрешена, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Сакам да ве известам дека има нова директорка на Клиниката. Сите колеги, лекари, пациенти кои имале контакт со неа се посетуваат од епидемиолози, никој нема знаци на заболување, истакна Филипче.

Министерот посочи дека потесното семејството на инфицираната докторка е во изолација, но дека епидемилозите утврдиле дека нема ризик тие да бидат преносители на вирусот. Во однос на останатите членови на семејството, никој друг немал симптоми на вирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.