Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес конференција истакна дека уште не оладено столчето на екс-вицепремиерот Кочо Анѓушев, компанија блиска до него заработува тендер од 1 милион и 600 илјади евра од министерството водено од Радмила Шекеринска.

На 30 декември 2019 година, само два дена пред Анѓушев и официјално да замине од Владата, Шекеринска склучува договор за јавна набавка со ЕНЕРЏИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС, односно ЕДС кое е во врска со Кочо Анѓушев. Шекеринска ја одбрала фирмата меѓу 4 понуди, како се наведува заради најниската понудена цена. Симптоматично е како и зошто во очи на официјална изборна кампања Шекеринска доделува тендер од 1,6 милиони евра на компанија блиска до Анѓушев?

Ова не е прв пат компанија блиска до Анѓушев да добива владини договори со потпис на Шекеринска. Шекеринска се споменува и при договорот за државно земјиште за хидроцентрала со компанијата Тополки, каде Анѓушев и неговиот брат беа во сопственичка раководна структура. Анѓушев тогаш „се изземал“ при носењето на одлуката.

Ваквите, бомбона бизниси мора и треба да бидат преиспитани. Бараме институциите задолжени за справување со судир на интереси и спречување на корупцијата да се одважат и започнат постапка по допрен глас, рече Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.