Ќе почнеме да ја употребуваме придавката „македонски” откако Преспанскиот договор ќе биде целосно спроведен, велат за МКД.мк официјални лица од НАТО.
Ова прашање се отвори откако за време на преносот во живо од потпишувањето на пристапниот протокол во штабот на НАТО во Брисел, наместо придавката „Macedonian“, стоеше македонското знаме, додека англискиот, францускиот и рускиот јазик си беа означени со „English“, „French“, „Russian“…
Инаку, ова е првпат НАТО да не го користи името на јазикот. На Самитот во јули јасно пишуваше македонски. Тогаш власта се фалеше дека тоа било доказ оти Преспанскиот Договор ги гарантира посебноста на јазикот и идентитетот.
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е испратен допис до Алијансата со кој се бара корекција во делот на користење на терминот „македонскиот јазик“ на веб страницата на НАТО-Алијансата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.