Во наредните денови по техничкиот прием ќе биде пуштен во употреба реконструираниот регионален пат Битола – Нижеполе – Ски центар „Стрежево“. Реконструкцијата на овој пат е во должина од 5,5 километри, а според премиерот Зоран Заев, граѓаните од Битола и регионот сега имаат лесна врска со рекреативните локации под Пелистер, како и со ски центарот „Стрежево“.

Реконструкцијата на патот чини 36 милиони денари од буџетот на државата, а ширината на патот сега изнесува 6 метри според сите стандарди за оваа категорија патишта.

-Ова е особено важно и за развојот на зимскиот туризам дополнително и заради фактот што Јавното претпријатие „Стрежево“ одговара на барањата на љубителите на зимските спортови овозможи и ноќно скијање на своите терени, истакна Заев, кој денеска беше на увидот на реконструираниот регионален пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.