СДСМ во изминатите четири години покажа што значи вистинска грижа за сите граѓани, за подобрување на животниот стандард, а пред се грижата за најмалите, велат од партијата.

Изградивме и реновиравме 60 детски градинки во урбаните, но и во руралните средини, со што значително се зголеми опфатот на децата во предучилипното воспитание и образование. Наспроти тоа ВМРО-ДПМНЕ во текот на своето режимско владеење ги остави предучилишните установи на забот на времето. Парите на граѓаните ги вложуваше во непродуктивни работи, во скулптури и споменици, кои заедно со Белата палата, седиштето на опозицијата во стечај, стојат како паметник на безумното владеење и безобразното трошење на народните пари. СДСМ изгради и обнови 60 градники, ВМРО-ДПМНЕ постави 60 споменици. Граѓаните добро знаат дека со СДСМ парите се враќаат кај граѓаните, а со ВМРО-ДПМНЕ завршуваат како провизии во џебовите на нивните функционери. Затоа СДСМ со најдобрата понуда е победник на претстојните избори, а ВМРО-ДПМНЕ го очекува нов седми пораз од граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Предизборната кампања на СДСМ на манипулации и лаги не поминува веќе кај граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека граѓаните многу добро знаат кој колку изгради.

СДСМ со Зоран Заев во секое поле потфрли, така и со градинките. Имено, во случај на пандемија од КОВИД владата не успеа да го организира процесот на работа во градинките за да се опфатат што поголем број на деца, а мајките губат работа или самите даваат отказ за да ги чуваат своите деца. СДСМ се фали со градинки кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи, а тие не успеаја на време ниту да ги довршат, ниту пак да ги отворат. За помалку од 8 години ВМРО-ДПМНЕ изгради 70 градинки низ цела Македонија. А, ниту една капитална инвестиција откако Заев е на власт во Македонија нема. Нема полошо од СДСМ за Македонија. Време е за Македонија за сите луѓе, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.