Во рамките на нашата кампања Обнова на Македонија, почнавме со отворени денови со цел да се видиме и да поразговараме со што повеќе граѓани. Денеска бев во Куманово. Многу енергија, многу луѓе и прекрасни идеи. Желба за повеќе, за подобро, за подостоинствен живот, пишува потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Владо Мисајловски на својот ФБ профил.

Нашата визија за Република Македонија е држава која ќе се гради насекаде, каде што ќе има многу проекти за подобар живот, борба за поголем стандард, повисоки плати и пензии, стипендии, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.