Нашата програма ќе се базира на работа, работа и само работа на сите полиња исто како да го имаме добиено датумот, исто како да бркаме исполнување на сите услови и сите поглавја. Само така можеме да обезбедиме обнова на Македонија и да обезбедиме подобар живот за сите граѓани на Република Македонија, изјави вечерва генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во гостувањето во емисијата „Трилинг“ на 24 телевизија.

Тој говореше за подготовките и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните предвремени парламентарни избори коишто се најавени за 12 април 2020 година. Во однос на финансирањето рече дека секој кој што сака да ја финансира партијата за изборите, може да допринесе со тоа што ќе уплати средства на посебна наменска сметка до износ кој е дозволен со Закон.

Она што ВМРО-ДПМНЕ ќе го понуди на изборите ќе биде базирано на принципи и вредности, а нема да биде базирано на нереални работи. Нема да лажеме како како премиерот во заминување Зоран Заев кој ги манипулира и лаже граѓаните за да остане на власт, рече Јанушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.