Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Ал Џезеира Балкан вели дека е уверен дека нашата најголема безбедносна закана е високата корупција. На прашањето за неговата гласност за аферата Рекет и за повикот сите вклучени во аферата да се јават пред надлежните институции да дадат исказ, истовремено и политичарите од коалицијата која го поддржа на претседателските избори, кога заедно обвинуваа дека од државата се изнесени милиони, Пендаровски одговори како да се биде ефикасен во борбата против корупцијата:

Јас долги години се занимавам со прашања од безбедноста. Во изминативе 5-6 години, а можеби и повеќе, уверен сум дека нашата најголема безбедносна закана е високата корупција. Значи, корупцијата која ја прават функционерите на власта и највисоките функционери. Ако тие не дадете пример спротивен од коруптивното однесување, што може да очекувате од обичните граѓани, освен да го копираат тоа. Ќе речат: ако претседателот може да краде, ако премиерот може да краде, ако министерот може да краде, или ако тоа не е санкционирано..или ќе отидеш два пати на Суд, и после ќе купиш некој судија или некој обвинител..зошто јас тоа да не го правам. Јас мислам дека во делот на покревање на свесноста, меѓутоа и на капацитетите на институциите кои треба да се борат со тоа зло, јас мислам дека ние немаме добра иднина. Затоа ни е потребна ЕУ, каде и најпросперитетните и развиените земји како скандинавските, имаат најниско ниво на корупција, тоа оди едно со друго, вели Пендаровски во интервју за Ал Џезеира Балкан.

Целото интервју:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.