Оставка од градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, побара ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протестен марш во Прилеп.
–Да му порачаме на најнеспособниот градоначалник во цела Македонија кој кога го чествуваше Св. Климент, положуваше цвеќе на споменикот на Ченто, оставка веднаш да поднесе. Еден друг функционер на Зоран Заев, во Собранието на Република Македонија гордо ќе застане на говорницата и ќе каже „Ова е искомплексирана нација“. Јас гледам горди Македонци, луѓе кои ја сакаат татковината и нацијата, рече партискиот лидер Христијан Мицкоски пред насобраните граѓани истакнувајќи дека во Прилеп силно бие срцето на Македонците.
Тој нагласи дека патот кој треба да го изодат нема да биде краток.
–Ќе има многу предизвици, но ние заедно ќе го одиме и во овие декемвриски денови. На крајот од тој пат ќе биде победата, заедно ќе победиме и чекориме и во јануари и февруари и во март, потоа ќе дојде април кога ќе дојде првата победа на претседателските избори. Победа која ќе ги најави предвремените парламентрани избори кога народот во Македонија ќе му каже големо „НЕ“ на Заев и групата околу него. Народот кој го лажеше, кој се чувствува изневерен, опљачкан, излажан, омаловажен и понижен од сите овие политики што скоро две години оваа ненародна и криминална влада ги води во Македонија. Па, уште дрско преку своите гласноговорници ќе им каже дека се искомплекцирана нација, нагласи Мицкоски.
Тој порача дека Заев ќе биде жестоко поразен и испратен на темната страна на историјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.