Народот се крена против продажбата на Македонија. Вечерва во 15 градови ВМРО-ДПМНЕ со народот протестира за одбрана на македонската држава, чест и достоинство.
Граѓаните на Делчево масовно излегоа против погрешните и анти државни политики на Заев.

Пред делчевци членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки порача дека нема да се дозволи бришење на минатото и спомените на оние кои животот го дале за државата.

Заев сака да создаде вештачка нација, Македонија во која што ќе живеат Македонци со бугарски корени. Заев може да се декларира како Македонец со бугарски корени, меѓуоа тој може тоа да го прави само за себе, не смее да го прави за целата нација, нема мандат за тоа и никој не му даде право за тоа. Не смее да го распродава македонскиот народ, истакна Ковачки.


Својот револт против власта го изразија и жителите на Пехчево од каде што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков изјави дека мора да се прекине со катастрофалните и погубни политики на власта и распродавање на се она кое што со векови го граделе нашите претци.

Доста беше обезличување и национални предавства. Сега е моментот кога треба да се спротивставиме и да порачаме дека е доста. Заев животот кој го вети ни го направи пекол, а се дрзна и да тргува со државата. Ако сега не го спречиме, после може да биде доцна, ова е битка за спас на Македонија. Да не дозволиме Заев да ни ги продава македонскиот јазик и идентитет. Време е се оставка, да го пратиме Заев во историјата, рече Лефков.

Во Берово пред граѓаните кои масовно се спротивставија на лошите политики на власта, Столе Кракутовски истакна дека сега е моментот кога се одлучува за иднината на Македонија, дали ќе останеме тоа што сме, или ќе дозволиме Заев да продолжи да ни ја распарчува татковината.

Заев посегна по идентитетот, историјата јазикот. Излажа дека со договорот сите прашања се решени, а со тој договор ни создаде нови проблеми. Во Европа не се оди со свиткана кичма и национално обезличување. Во Европа се оди гордо и достоинствено, а тоа Заев не може да го обезбеди. Заев единствено што знае е да води сервилни политики и да продава се што е македонско за да си ги спаси сопствените бизниси. Затоа сме тука да го спречиме и да му порачаме му дојде крајот, изјави Кракутовски во Берово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.