Република Македонија тоне во корупција. Власта на Зоран Заев со нивното криминогено работење и коруптивни зделки допринесе државата да се најде на дното на листата за корупција на Транспаренси, на 107 место далеку зад земји како Танзанија, Замбија, Колумбија и Тајланд.
10 месеци во Република Македонија нема антикорупциска комисија, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Александар Кирацовски, додавајќи дека дури под нивен и притисокот на јавноста власта се сети дека мора да се избере антикорупциска комисија.

Само во правата недела од 2019 година државата ја потресоа два нови коруптивни скандали кои директно се поврзуваат со функционери на власта. Првиот во директна корелација со министерката Мила Царовска чиј невенчан сопруг добил 1,5 милиони денари народни пари, а во другиот е заменик министерот Јани Макрадули кај што фирмата на неговата сопруга добила 5,4 милиони денари пари на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека власта не знае како да ги сокрие своите криминали, заборавајќи дека се на власт повторно го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ.

За период од неколку дена се распишани над 300 работни огласи за работни места во администрацијата непосредно пред избори, што е класична изборна корупција, за каква се сомничи и самиот Заев кој непосредно пред референдумот бараше фирми да плаќаат екстра пари за работниците да излезат на гласање. Со ваквите огласи само се овозможува партиски послушници на СДСМ да ја наполнат администрацијата како што е случајот мајката на Костадин Костадинов, синот на Фрчковски, ќерките на Џафери и Бејта, или синовите на Грчев или Бучковски. Народот преку повисоките даноци ќе ги плаќа коруптивните и непотистичките хирови на оваа власт, стои во соопштението на партијата.

Според нив, тоа е причината зошто оваа власт бега од донесување на европски закон за борба против корупцијата.

ВМРО-ДПМНЕ останува на својот принципиелен став за формирање на ефективна антикорупциска комисија која ќе се бори против криминалните тенденции на оваа власт и која нема да биде само марионета на аболицираниот криминалец Зоран Заев и екипата околу него, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.