По испратената претставка до канцеларијата на Народниот правобранител дека Миле Јанакиески од саботата штрајкува со глад, во истражниот затвор во Шуто Оризари е испратен тим кој ќе го разгледа случајот.

По добиените сознанија тим од Канцеларијата на Народниот правобранител веднаш се упати во истражниот затвор „Скопје“ за да го разледа случајот со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески – велат за „Плусинфо“ од канцеларијата на македонскиот омбудсман.

Од таму најавуваат дополнителни информации по завршување на посетата во скопскиот затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.