Народот е несовесен и доцна се јавува на лекар, многу возрасни граѓани над 65 години имаат барем една хронична болест, проблеми со срцето и тоа е причината зошто Македонија е во самиот врв на смртност во Европа, смета премиерот Зоран Заев.
Од друга страна, истиот Заев е убеден дека овојпат пописот ќе успее, затоа што народот е одговорен и се попишува.
Ѝ благодарам на опозицијата што повика и што учествува во пописот, му благодарам на народот за совеста, рече премиерот на народот што никако да му се погоди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.