Веднаш по објавувањето на новата афера на весникот „Ла Верита“ во која се презентирани докази дека Зоран Заев и неговиот брат Вице со неколкумина блиски нивни луѓе купувале гласови во Струмица, стигна наредба од провладините медиуми за ова да се молчи.

Како штто дознаваме, сите медиуми кои се под контрола на СДСМ имаат добиена усна наредба од „Бихаќка“ да не се пишува ниту пак да се прават прилози за оваа тема која говори за сериозни изборни нерегуларност за изборитр во 2014 година.

Дека наредбата е сериозна говори и тоа што агрегаторот за вести за кој се знае дека е близок до СДСМ нема објавено ниту една вест на оваа тема. Но затоа пак вестите за активностите на владините министри се на врвот на пребарувачот и се задржуваат со часови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.