Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој вечерва имаше интервју за порталот Економски Лидер, се осврна и на една ситуација којашто не се коментира во јавноста, но е интересна за анализа. Николоски потсети дека во моментов почеток на преговорите на Македонија со ЕУ поддржуваат самопартиите од десницата.

Во овој момент скептични се држави кои имаат левичарски премиери, против е држава којашто има премеир либерал, а Либерално-демократската партија е коалиционен партнер на СДСМ. Единствени кои поддржуваат се партиите од десницата, односно од Европската народна партија каде што припаѓа ВМРО-ДПМНЕ. Жозеф Дол е единствен претседател на европска партија кој испрати писмо со поддршка за определување датум за преговори. Ниту социјалистите испратија, ниту либералите. Ангела Меркел е премиер на најголемата сила во Еу, исто така од ЕНП, Виктор Орбан е премиер од ЕНП, четворката од Вишеградската група: Унгарија, Чешка, Словачка и Полска, исто така се или од ЕНП или од конзервативците. Единствени коишто лобираат Македонија да добие датум се нашите пријатели, десничарите. Со тоа ние направиме и повеќе одошто можевме да направиме, но во исто време никој не може да ги затвори очите дека имаат работа со корумпирана банда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.