За прв пат во Македонија млади спортисти од Прилеп годинава го одбележаа празникот Богојавление или Водици со капење во планински води, на замрзнатото Плетварско езеро, пренесува телевизија Сител.

Претходно тие направија дупка во форма на крст, во мразот дебел 15-тина сантиметри, во која влегуваа три пати. Велат дека досега никој го нема направено ова во планински води за овој голем ден за православните христијани. Досега се фрлале по Светиот крст во базените во градот, но чувството тука било многу поразлично. Се надеваат дека ова ќе остане и како традиција.

Во духот на верата и традицијата оваа година група спортисти на еден поинаков начин решивме да го одбележиме големиот празник Богојавление Христово. Целото езеро е замрзнато со мраз со дебелина од 15-тина сантиметри, дојдовме тука од раните утрински часови да го подготвиме теренот, направивме дупка во мразот во форма на крст за да го одбележиме овој голем ден – вели Дарко Неданоски, спортист.

Пради пандемијата оваа година Светиот крст не се положуваше во реките, езерата и базените, но како и секоја година празникот се одбележа во Света Литургија во црквите во градот, а Богојавленскиот Водосвет се изврши во дворовите на храмовите.

Во Прилеп на овој ден скоро секој верник кој доаѓа во црквата со себе носи и гулаб, кој го симболизира Светиот дух и го пушта да летни во моментот кога се пееше тропарот за празникот.

Целиот текст можете да го прочитате на Сител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.