Во текот на ноќта или рано изутрина од засега непознати напаѓачи со боја е нападнато министерството за култура.

Со жолта, црвена, и сина боја е бојосан влезниот дел на министерството а до влезната врата е напишана и кратенката МКД.

Засега никој не ја презема одговорноста за симболичниот напад на македонската институција.

Напади со боја беа карактеристични за таканаречената “Шарена револуција” за време на Предходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Експрес.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.