Славјанка Петровска, дополнителната заменик министерка за внатрешни работи во одржa прес-конфренција на која говореше за поднесување кривични пријави и за тоа дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил во кафеана.

Истата вечер по настанот, Мицкоски се извини и порача дека е подготвен да ја плати казната.

Петровска, според соопштението на СДСМ од 1 јуни е во самоизалција, односно треба да е во самоизолација, дури и да е тестирана.

По објавувањето на информацијата дека таа треба да е во самоизолација, а држи прес конференција, се јави и Славјанка со демант на овие информации.

Најостро ги демантирам пишувањата во некои медиуми дека се наоѓам во самоизолација и дека со денешната прес конференција сум ја прекшила мерката. Повторно информирам дека согласно направената епидемиолошка анкета оценето е дека нема потреба да одам во самоизолација, со препорака и понатаму да носам лична заштитна опрема и да ги почитувам мерките за заштита.
Со ширењето лажни вести нема да ја скриете вистината за оние кои ги прекршуваат мерките – тврди Петровска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.