Вицепремиерот Артан Груби треба сериозно да се ја сфати позицијата платена од граѓаните, и да разбере дека овде не се работи за пазарење, ниту пак за надавање како што е навикнат на принципите по кој се раководи коалицијата на СДСМ-ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на изјавата на вицепремиерот Артан Груби за предлогот за помал број пратеници и една изборна единица.

Наместо да се обидува да прави пазар, Груби нека собере храброст и нека каже дека одбива да има намалување на бројот на пратеници и дека не е за заштедување на парите на граѓаните. Тоа дека е против една изборна единица Груби треба да им го каже и на партиите ДОМ, ЛДП и ДС кои барем декларативно се залагаат за една изборна единица. Секогаш кога треба да се прави гимнастика и да се прави политичко харикири очигледно задолжен е Артан Груби“, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.