Водостојот на Охридското Езеро е намален за еден сантиметар, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како во текот на вчерашниот ден.

Последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат дека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,91 метри повисок од просекот за февруари, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за 12 сантиметри кај Охридското и за 1,4 метри кај Преспанското Езеро. Сепак, Преспанското Езеро е за 30 сантиметри над апсолутниот минимум.

овисоки од просечните за овој месец се и водостоите на сите реки во земјава со исклучок на Црна Река на мерното место кај Р. Б. Мост, иако најчесто бележат намалување во споредба со вчера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.