Катица Јанева како осомничена во случајот „Рекет“ нема право од притвор да им наложува на обвинителите на СЈО како да постапуваат со предметите на ова обвинителство, велат експертите. Правникот Александар Наков, во изјава за Алсат, вели дека функцијата на Катица Јанева на чело на СЈО е завршена од моментот кога таа е во притвор. Наков додава дека специјалните обвинители, во отсуство на нов главен обвинител на СЈО, имаат врзани раце за останатите предмети и истраги.

Согласно Законот за јавно обвинителство, јавниот обвинител заминува од функцијата додека е во притвор. Според дел од правните експерти, единствениот начин да продолжат истрагите по предметите на СЈО е да се усвои новиот Закон за Јавно обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.