Дежурниот виновник на Оливер Спасовски, поранешниот технички министер Наќе Чулев, ја коментира веста дека поголемо количество дрога било запленето во службено возило на МВР на граничен премин меѓу Албанија и Црна Гора.

Инаку, вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика се упатиле на обука во Црна Гора, а за патувањето задолжиле службено возило од автопаркот на МВР.

Кога стигнале на границата меѓу Албанија и Црна Гора, во возилото била пронајдена марихуана, која била скриена под седиштата.

Кој е виновен за новиот меѓународен скандал со запленето поголемо количество дрога во службено возило на МВР?!

Повторно ли Наќе е крив?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.