Комисијата за заразни болести в понеделник на состанок ќе ја разгледува анализата дали да се дозволи продолжен престој во училиштата, но министерот за здравство Венко Филипче смета дека одлуката ќе биде позитивна.

И тука важи истиот принцип, да се дозволи децата да останат и после наставата, ако бројката на деца е толку мала, да не ја загрозува здравствената состојба, да нема епидемиолошки ризик. Тоа е истата група деца, нема зголемување на контактите, туку само се продолжува времето на престој во училиштето – рече Филипче.

За барањата на мајките со продолжено породилно отсуство и натаму да не одат на работа, Филипче рече дека остануваат на истиот став, дека времетраењето на тие мерки за продолжено породилно отсуство од 6 месеци било доволно и дека сега треба да се вратат на работа. Сепак, посочи дека ги слушнале нивните забелешки и натаму ќе контактираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.