Македонија е на дното на Европа и по уште еден параметар – нивото на немаштија.

Станува збор за испитување на Еуростат, според кое го мери процентот на сиромаштија преку неколку параметри. Поточно, бројот на лица кои не можат да си дозволат најмалку 3 основни артикли како што се плаќање сметки, купување месо или риба, нов телефон, машина за перење или автомобил и патување надвор од дома на една недела. Македонија има најлоша стапка во Европа (31,1%).

Имајќи предвид дека оваа статистика е за 2019 година, пред пандемијата, замислете колку поцрна ќе изгледа оваа мапа годинава.

Најтемно блескаме, вели Богдан Илиевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.