Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на конвенцијата на партијата за избор на претседателски кандидат во својот говор „удри“ по тројца од најголемите фаворити на власта за претседателските избори.

Иако не спомена имиња, јасно беше дека лидерот на опозицијата зборува за министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.

– Најсериозен кандидат им е човекот кој е пишувач на колективната неправда, пишувач на тој договор. Човекот кој доживеа дипломатски дебакл, не го сочува достоинството и идентитетот, а сега ќе ја бранел државата, човекот кој се срамеше од сопствената нација – рече Мицкоски.


Другиот, рече тој, е џелатот на неправдата кој полицијата ја користи како своја приватна подружница кој нема расчистено големи криминали.

– Третиот е оној кој еднаш загуби на претседателски избори, кој знаеме какви ставови имал и какви навреди имал кон народот – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.