Ја посетивме најмодерната плантажа за зелено злато, цветови и масло со кои ќе се снабдува целиот свет. Вака гласи насловот на репортажата на хрватската телевизија РТЛ, направена во  компанијата „5 letters“, чиј погон за одгледување марихуана е сместен на неколку километри пред Крушево.

Големо здание опкружено со бодликава жица, пишуваат хрватските репортери.

Тие додаваат дека иако ова е најмоденриот погон за одгледување на македонска марихуана, одгледувачите не се интересираат и не се насочени кон малиот македонски пазар, туку заработката ја гледаат преку границите.

Сопствениците на 93 отсто од компанијата се американски инвеститори, а 7 отсто држи Зоран Јаневски. Тој е пријател на премиерот Зоран Заев и член на неговата партија, што во оваа земја е голем плус. До пред година и пол тој немаше никаков допир со марихуаната, но како вистински бизнисмен надушка добра прилика за заработка на зеленото златко, како што сам го нарекува, пишува во репортажата на РТЛ.

 

Прочитајте ја целата репортажа и погледнете го видеото на РТЛ. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.