Највозрасниот пратеник, 72-годишниот Илија Николовски, е пензиониран генерал, а најмладиот, 23-годишната Артина Ќазими е студентка.

Двајца пратеници се со средно образование.

Просечната возраст на овој пратенички состав е 45 години. Коалицијата на СДСМ „Можеме“ освои 46 пратенички мандати, на ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“ – 44, ДУИ 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и еден ДПА. Во собраниските фотелји седнаа 77 мажи и 43 жени.

Од стариот состав во новиот продолжуваат 28 пратеници, а тројца од нив, Али Ахмети, Мендух Тачи и Иван Стоилковиќ ќе го почнат нивниот седми пратенички мандат

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.