Секое правно лудило, експеримент, занес завршува вака. Секогаш кога државата не се држи до Уставот, секогаш кога Собранието носи неуставни закони, секогаш кога правните и државните органи кога беше кажано дека СЈО е неуставно не реагираат, работите завршуваат вака, истакна денеска од собраниската говорница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски..

Тој додаде дека доколку владејачкото мнозинство изведе акробации да се спаси Јанева дека не работела несовесно, тоа ќе биде на грбот на граѓаните. Меѓу другото Димовски истакна дека најмалку 10 пратеници од неговата партија биле уценувани од СЈО за одлучување во Собранието.

На денешната седница на Собранието 102 гласа пратеници гласаа за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.