Со години објавувам за криминалите и злоупотребите како и неостварените ветувања на власта. Во неможност да одговорат со аргументи СДСМ и Заев во нервоза пробуваат да ме дискредитираат со етикетата „лажни вести“. Така им е најлесно. Се додека „лажните вести” не станат вистина, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

„Лажна вест“ беше ставањето на Македонија во иста група со Албанија за ЕУ интеграција,
„лажна вест“ беше дека Заев нема да добие датум за почеток на преговори,
„лажна вест“ беше дека на контроверзниот бизнисмен Дака му изгласаа ДУП од 200 милиони евра со сомнителен капитал од Панама.
И Иловица и сопствеништвото од Кајмански Острови беа „лажна вест“ ама до денес! Денес како и сите останати се потврди дека се вистина, самите од фирмата го признаа тоа што со недели говорам, пишува Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.