Последниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 28 септември до 4 октомври бележи зголемување на бројот на новорегистрирани случаи, при што најголемо зголемување на случаите има во возрасните групи од 20-29 и 30-39 години за 60% односно 46,1% соодветно.

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 – 18,3%, 50-59 години – 16,6%.Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 – 3,2% и 10-19 години 7,5%.

Од 9.832 тестирања дијагностицирани се 1.203 новозаболени, најголем дел од регистрираните и натаму се од Скопје. Во истиот период регистрирани се 30 починати и 786 оздравени лица.

Од вкупниот број на нови случаи во периодот 28 септември-4 октомври, 403 (37,6%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 (3%) лица со историја на патување во последни 14 дена.

По добиени 2 негативни теста за присуство на „SARS-CoV-2“ или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 786 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што претставува зголемување од 10% во однос на претходната недела.

Пријавени се 30 смртни случаи, 7,1% повеќе во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 24 лица биле над 60 години, а 6 лица на возраст од 50-59 години. 29 од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.