Никола Најдовски, кандидатот за градоначалник на општина Демир Хисар на денешниот митинг се заблагодари на неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски за укажаната можност да биде кандидат на претстојните локални избори, што, како што кажа, за него е посебна чест, но и огромна одговорност, особено после „овие 4 години исполнети со лаги, манипулации, криминал, корупција и непотизам. Четири години, хаос и апатија“.

Најдовски додаде дека тој во неговата програма нуди реални проекти кои што се остварливи, одржливи, точни и прецизни.

Ветувам почеток на создавање на нова иднина за Демир Хисар, нови проекти, конкретни резултати и можност за секого:

· Започнуваме постапка за изработка на техничка документација за изградба на колекторски систем и пречистителна станица за третман на отпадни води од фекалните системи на Демир Хисар,Суводол,Кутретино,Слепче и Белче;

 

· Започнуваме подготовка и реализација на низа проекти од областа на урбанизмот и животната средина преку инвестиции во подобрување на локалната патна инфраструктура, градење на места и продолжување на започнати проекти на мапирани локалитети за рекреација;

 

· Спроведуваме идеи и завршуваме недовршени проекти од областа на локалниот туризам што ќе поттикнат дополнителен економски развој на локалната заедница;

 

· Обезбедуваме бесплатен целодневен престој и грижа во детската градинка за трето дете во семејството;

 

· Градскиот стадион прераснува во главен градски и општински спортски центар со изградба на ново СТРИТ БАСКЕТ игралиште и фитнес парк;

 

· Планираме изградба на повеќенаменски спортски игралишта во Сопотница, Суводол и Кутретино.

 

· Реконструкциите, како и изградбата на нови улици и патишта во сите населените места во нашата општина остануваат со значење на врвен и постојан приоритет;

 

· Продолжуваме со создавање на позитивна бизнис клима за домашните и странски инвеститори преку намалување на општинските давачки, преку отстапување на долгорочен рок на објекти во сопственост на општината и инфраструктурно уредување на малата економска зона за лесна и незагадувачка индустрија со цел креирање на нови работни места, истакна Најдовски.

Најдовски нагласи дека овие и многу други реални и остварливи проекти од програмата ќе бидат и новата иднина за Демир Хисар. Нова иднина која ќе донесе подобри денови, иднина која ќе донесе раст и развој, иднина во која оптимизмот ја победува малодушноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.