Од Синдикатот на полицијата во Македонија реагираат до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека не се неписмени и знаат дека тој манипулира со калкулациите и наводното зголемување на платите на вработените во министерството.

Ви ја пренесуваме целата реакција:

Повторно манипулација и повторно лага со вработените во МВР!

Почитувани вработени во МВР, почитувана јавност,

Министерство за внатрешни работи и неговиот партнер македонски полициски синдикат повторно со манипулација и лага сакаат да не убедат дека не ни следува порамнување и зголемување на платите. Како?

Тврдат: „Платата за вработените во МВР, за најниско работно место, согласно систематизацијата на МВР со статус на Овластени лица и полициски службеници Е НАД ПРЕДВИДЕНАТА минимална плата…” притоа додаваат дека минималната БРУТО (обратете внимание на овој збор БРУТО!) плата врз основа на закон е 26.422,00 денари!!! БРУТО плата? Каква МАНУПУЛАЦИЈА на вработените! Имате ли СРАМ И ОСЕТ!
Па нормално е платата да биде над минималната, бидејки минималната плата е само еден дел од платата на вработен. СЕКАДЕ, не само во МВР!!!

Но тој “НЕПИСМЕН” кој го изјавил ова, дали е од редовите на МВР или некој со трето вечерно од редовите на МПС, не го видел член 2 од Законот за минимална плата, кој вели : “ Минимална плата е најнискиот месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време.”

НАЈНИСКИОТ МЕСЕЧЕН ИЗНОС НА ОСНОВНА ПЛАТА!!!

Бидејќи платата во МВР се исплатува по Закон за внатрешни работи и Колективен договор ( и тие се за нешто во право ) , ако го погледнеме чл.155 ст.2 од Колективниот договор многу јасно е објаснето дека ОСНОВНАТА ПЛАТА е дел од ОСНОВНАТА КОМПОНЕНТА НА ПЛАТА која не вклучува никакви додатоци и по тој основ, основната бруто плата на полицаец треба да е со износ од 26.422,00 денари ( ПОМАЛКУ од 18.000 денари!!! )!!!.

ОСНОВНАТА!!!БЕЗ ДОДАТОЦИ!!!
ЗОШТО ПОВТОРНО НЕ ЈА ОБЈАВУВААТ ОСНОВНАТА ПЛАТА НА ВРАБОТЕН, ТУКУ САМО ТВРДАТ ДЕКА Е НАД ПРЕДВИДЕНАТА МИНИМАЛНА ПЛАТА БЕЗ ДА НАПИШАТ ИЗНОС????

Ама недоветниве, повторно сакајќи да не “заматат” со тие нивни 5% што ли да е веќе, тврдат дека добиле некаков си допис, мислење од МТСП со кое се одобрува начинот на исплата на платите во МВР. И тоа не е спорно. Начинот на исплата на плата во МВР е предвиден во чл.153 и 154 од КД!
НО НАЧИНОТ НА ИСПЛАТА НЕМА ВРСКА СО ИЗНОСОТ НА ПЛАТАТА ВО МВР!!! АЛООООО!!! До кога ќе не лажете, до кога ќе си играте со зборови и ќе не правите будали, бре?

ИМА РАЗЛИКА помеѓу порамнување на плата од 5% заради зголемени животни трошоци и порамнување на платата со Минималната плата. Не можете со тие 5% порамнување да се фалите дека сте ја порамниле и минималната плата.

ТОА СЕ ДВА РАЗЛИЧНИ ОСНОВИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА!!!

И како краен заклучок на нивната најнова манипулација утврдуваат, ЗАМИСЛЕТЕ, дека исплата: „Со основната компонента на плата, вредноста на часови прекувремена, ноќна, викенд, празник е поголема во однос на основна плата”?!?!?!?

ЕЕЕЕЈ, АТОМСКА ФИЗИКА Е ДА УТВРДИШ ДЕКА ЦЕЛОСНАТА ПЛАТА ( ОСНОВНА КОМПОНЕНТА ПЛУС ИСКЛУЧИТЕЛНА КОМПОНЕНТА ПЛУС ДОДАТОЦИТЕ НА ПЛАТА) БИЛА ПОГОЛЕМА ЗА ИСПЛАТА ОД ОСНОВНАТА ПЛАТА!!!

Па нормално дека ќе биде поголема затоа што основната плата е само еден дел од основната компонента на плата на вработен. Е ова само го докажува нивниот (повторно неуспешен) обид да манипулираат со нас и да лажат дека МПС и МВР „нешто“ работеле и се залагале за зголемување на платите.

Непочитувани и неценети манипулатори од МВР и МПС, ако сакате да не демантирате во ова И ДА ДОКАЖЕТЕ ПРЕД СИТЕ ДЕКА НЕ НЕ ЛАЖЕТЕ:
1. ОБЈАВЕТЕ ГО ИЗНОСОТ НА ОСНОВНАТА ПЛАТА ВО МВР (БРУТО И НЕТО),
2. ОБЈАВЕТЕ ЈА ВРЕДНОСТА НА БОДОТ ВО МВР,
3. ПРЕСТАНЕТЕ ДА МАНИПУЛИРАТЕ СО ИЗРАЗИТЕ ОСНОВНА, НЕТО, БРУТО, МИНИМАЛНА И ПЛАТА!!!

Или можеби па толку ви делиле па и вие немате појма што значат и која е разликата, па затоа вака простачки не лажете. И тоа јавно на официјален профил на институција!

На самиот крај : Спасовски, ПРЕСТАНИ да манипулираш и да ја потценуваш интелигенцијата на вработените. Па имаш ли малку осет најдобар „ever„ Министре?

И запаметете еднаш за секогаш – за секоја ваша лага, за секој ваш обид за манипулација, СПМ ќе биде тука , ќе ви дише во врат и ќе ја објавува вистината се додека не почнете да работите во корист на вработените во МВР!!!

ВИ ВЕТУВАМЕ!!!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.