За професорката Мирјана Најчевска останува нејасно зошто на Катица Јанева ѝ биле дадени сите пари од Специјалното јавно обвинителство на располагање, без никаква контрола.

Зошто Катица Јанева ја имала таа можност да управува и да ги дели средствата како што сака? Второ, зошто немало два-три или повеќе потписници кога се делеле средствата и зошто немало контролен механизам којшто би спречил една ваква работа, прашува Најчевска.

Дека во СЈО мора да има кривични пријави, одговорност, но и враќање на бонусите се согласија и двајцата останати гости во вечерашната „Клик плус“ на ТВ21, Љупчо Алексовски и Џабир Дерала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.