Венко Филипче, министерот за здравство, најавува дека земјите од регионот во текот на наредната недела ќе донесат конечна одлучат за слободен премин и отворање на границите.

Следниот состанок за режимот на слободно движење на граѓаните од регионот ќе се одвива на онлајн средба помеѓу шестте земји од Западен Балкан, како и Бугарија и Грција, откако властите во земјите најавија координативен совет за заедничко дејствување во донесувањето на одлуки за борба против пандемијата и заедничка политика за границите.

Ова Филипче го најави во емисијата „Патот кон” на ТВ Алсат-М и повтори дека епидемиолошката состојба е слична во целиот регион, па балансот би можел да го либерализира преминот на границите и движењето во земјите од регионот.

Еден од условите е и да се укине ПЦР-тест за да се премине границата. Инаку следната недела координатор на македонското Министерство за здравство пред претставници на другите држави треба да ја презентира состојбата во земјава со Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.