Нови врнежи снег, нов хаос на патиштата ширум земјава. Иако метеоролозите уште од минатата недела најавуваа дека ќе има снежни врнежи, службите на Македонија пат повторно останаа „изненадени“ и ги оставија државните магистрали неисчистени.

Таквата состојба и се побрзото натрупување на снегот на коловозите, предизвикуваат огромни проблеми, но и опасност за граѓаните, коишто можат да возат со едвај триесетина километри на час.

Читатели на „Република“ испратија видео за да реагираат од моменталната состојба на преминот Стража.

Слично е е и на Плетвар.

Уште полошо е состојбата на патото Маврово-Дебар.

Поради наносите од снег на овој патен правец е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.