Во Белграед денеска завршува Првиот меѓународен саем „Винска Визија Отврен Балкан“ што се одржува во рамките на Самитот Отворен Балкан, јави дописиникот на МИА од Белград.

Саемот, на 1 септември го отворија српскиот претседател Александар Вучиќ, и македонскиот и албанскиот премиер Димитар Ковачевски и Еди Рама.

На „Винска визија Отворен Балкан“ на Белградскиот саем учествува речиси 400 излагачи и производители на вино од повеќе од 22 земји, од кои 160 излагачи од Србија, 26 од Албанија, додека 47 излагачи беа од Македонија. Покрај земјите-членки на Отворениот Балкан, изложувачи имаше и од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Франција, Чиле, Аргентина, Италија, Романија, Молдавија, Јужна Африка и други земји. И храната беше во фокусот, како вид традиција, со пет мастер шефови од Македонија, од Србија и од Албанија. На манифестацијата имаше купувачи од ЕУ, САД, Кина и други земји од Истокот. Вкупно 300 метри квадратни, беа резервирани за туризмот, каде беше присутна и македонската Агенција за промоција на туризмот.

Македонија под слоганот „Вкуси го животот” на Саемот учествуваше со 42 винарии и три дестилерии кои промовира преку 300 различни вина и ракии, како и производители на храна кои ја претставува автентичната македонска кујна.

Српската премиерка Ана Брнабиќ, вчера додели награди Винскиот трофеј Отворен Балкан за најдобра автохтона сорта на Тиквеш за виното Барово-црвено 2019 и Винскиот трофеј Отворен Балкан за сортата „оранж“ на Камник за виното Оранж-2019. Вината ги оценуваше жири составено од 25 меѓународни судии, од кои пет беа „мастери на виното“.

Виното ни помогна, и сите вие винарири, лозари, дестилерии ни помогнавте една брилијантна политичка идеја уште повеќе да ја зацврстиме, да отвриме нови перспективи за нашата соработка на Балканот и да привлечеме и други партнери од регионот, пред се БИХ и Црна Гора. Овој саем на Отворен Балкан покажа дека имаме што да понудиме, изјави Брнабиќ на доделување на наградите.

Вчера на Отворен Балкан, министерката за одбрана Славјанка Петровска се сретна со српскиот колега, Небојша Стефановиќ со кого разговараше на повеќе теми вклучувајќи ја одбранбената соработка меѓу двете земји, како и активното учество во регионалните иницијативи кои се катализатор за посилна регионална безбедност и стабилност.

На вториот ден од одржувањето на Отворен Балкан во Белград се одржа политичкиот дел на Самитот, на кој покрај претседателот на Србија, Александар Вучиќ, македонскиот и албанскиот премиер Димитар Ковачевски и Еди Рама, присуствуваа и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, Петер Сијарто и Мевлут Чавушоглу.

На Самитот беа попишани договори за механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави, Љупчо Николовски, Фрида Крифца, Бранислав Недимовиќ.

Исто така, потпишан беше Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура од Република Македонија Бисера Костадиновска-Стојчевска, од Република Србија

Маја Гојковиќ и од Албанија Елва Маргарити. Беше потпишан и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.

Премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на лидерскиот Самит истакна дека „денес е повеќе од јасно дека Македонија, Албанија и Србија со инцијативата Отворен Балкан го направија вистинскиот чекор во клучен момент“

Се зближивме за да ја унапредиме регионалната соработка на патот кон ЕУ. Заедно со конкретни чекори се посветивме на олеснување на слободното движење на луѓе, стоки, трговија и услуги и ги градевме добрососедските односи…Оваа соработка, денес, отвори пат заеднички да се справиме со предизвиците за обезбедување храна и енергенси, во услови на напорите на сите држави во светот за справуавње со последиците од војната во Украина и пандемијата, кажа Ковачевски.

На Отворен Балкан со премиерот Ковачевски присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот за правда Никола Тупанчевски, министрката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, кои во Белград остварија бројни билатерални средби.

Во рамки на Отворен Балкан во Белград се одржа и Македонска вечер, што ја отвори премиерот Ковачевски, на која беа српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, поранешниот премиер Зоран Заев, министри од македоската и српската влада, дипломатскиот кор предводен од амбасадорот на САД во Белград Кристофер Хил, бизнисмени од повеќе држави, преставници на македонската дијаспора во Србија, а покрај македонските вина и храна, присатните уживаа со музичките нумери на виртуозот Влатко Стефановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.