Истражните органи досега не ме контактираа во врска со случајот „Рекет“, изјави денеска градоначалничката на Битола, Наташа Петровска одговарајќи на новинарско прашање дали е вклучена во истражните дејствија на надлежните органи за овој случај.

Во овие околности не сакам да зборувам за постапка и процес што ги водат други органи. Кога ќе бидам запрашана од надлежни институции ќе дадам одговор, кусо изјави Петровска, додавајќи дека доколку тоа од неа биде побарано веднаш ќе се јави пред надлежните органи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.