Фејсбук статус на жителка на Македонија со убиана надеж за правда во оваа држава. Статусот го пренесуваме интегрално.

Јанева ја убила надежта на граѓаните за правда… Ха!

Па не е дека Јанева, сега, ни ја уби надежта за правда на нас граѓаните. Надежта дека нешто ќе се промени и дека конечно ќе видиме понесување ОДГОВОРНОСТ за изживувањето над системот и над граѓаните, згасна многу поодамна, можеби после максимум една година од формирањето на СЈО.

Откако Фатиме зачести со паѓањата во несвест на пресови, па пичка ви материна моментот, па сите предмети да почнувале на буквата “Т”, чуда, врагови, а следствено на тоа изостанаа конкретни резултати од нивната работа, едноставно стана јасно дека СЈО е всушност – пичкин дим.

Ветија дека прв предмет што ќе го земат во работа ќе биде Монструм- не го исполнија ветувањето. Кутрите родители на децата, даваа изјави на телевизија како им се ветило конечно расветлување на случајот за потоа да излезе пу пу не важи…

Како им се самоуби сведокот Крпач, уште не им се верува…

Од криминалите тешки милиони евра, добивме обвиненија воглавно за шамари и за набавка на службено возило кое подоцна остана во сопственост на државата (дискутабилно е колку ова дело е навистина дело)…

Од “немарност” Груевски некако им избега…

Им избегаа и Сеад Кочан, Неџби и Христо…

Им пукна цевка и им уништи дел од доказниот материјал…

Во јавноста постојано се провлекуваа информации за тежок непотизам преку вработување на синчиња, внуци, тетки и роднини до трето колено…

А господата и госпоѓите од СЈО и понатаму продолжија да глумат опасни фаци и да се трескаат од земја дека ќе расчистувале некаков криминал! Со државни пари!!!

На кратко вака со два-три збора – кредибилитет на СЈО е НЕПОСТОЕЧКИ. НЕ-ПО-СТО-Е-ЧКИ! Одамна пред Катица да заебе работа.

Ако не сте сфатиле порано дека надеж за правда во Македонија нема, туку ви требаше Ката да ја фатат во лајна за да ви се отворат очите… Е тогаш сте, што вика Заев, да ми простете вака, ама стварно, изузетно, максимално- глупави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.