Идејата на министерката за образование, мила Царовска, да бидат укинати печатените учебници и да бидат заменети со дигитални за учениците од четврто до деветто одделение и за средношколците предизвикаа револт кај граѓаните, а особено на родителите на овие категорија ученици.

Откако беше објавена одлуката на Царовска, родители самоиницијативно се организираат преку социјалните мрежи, така што за нешто повеќе од два дена во група на Фејсбук насловена „Учебници и настава мора да има“, зачленети се скоро 62 илјади граѓан. Преку Фејсбук групата граѓаните бараат министерката Царовска да се откаже од идејата за укинување на класичните, хартиени печатени учебници и место нив воведување на дигитални.

Самоорганизираните граѓани во групата пишуваат дека ако никој не ги земе во предвид нивните забелешки кои ги споделуваат преку интернет, ќе бидат принудени револтот да го изразат со протест на улица.

Освен Фејсбук грубата, граѓаните или родителите покренаа и онлајн петиција на која се собираат потписи со која бараат од септември да има учебници и настава од училишните клупи. Целта што ја имаат поставено е 25 илјади граѓани, но, на петицијата за само неколку часа се потпишале околу 16 илјади граѓани и состојбата со потписите се менува од минута во минута.

Согласно незадоволството на родителите за укинување на печатените учебници и најавата за евентуално продолжување на онлајн наставата од Септември 2021 година, ја формираме оваа петиција. Потпишете ја што помасовно! Од септември во училишни клупи и со печатени учебници! Ако не реагираме сега, ќе имаме уште една изгубена година за нашите деца! – стои на онлајн петицијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.