За време на неговата посета на Кичево, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна и со кичевските пензионери.

Велат дека се заборавени од власта. Над 300 илјади пензионери се измамени од Владата на Заев. Наместо покачување добија кратење. За поголеми пензии нема ниту збор. А ветуваа и повисоки пензии и подобар стандард, но ништо од тоа, рече Мицкоски.

Тој додаде дека пензионерите се измамени од Заев и оваа неправедна власт.

Нема пари за пензионерите, а има пари за црни тендери и луксузирање на власта. Тоа пензионерите нема да го простат. Претседателските избори се шанса да се испорача првата гласна опомена кон оваа власт. Пензионерите сум убеден дека ќе гласаат за правда и промени, за силна Македонија!, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.