Последниот скандал со „Рекет“ укажува на тоа дека Македонија има целосно разнебитен систем за контрола на финансиски криминал, перење пари, уцени, рекет и други форми на организирани незаконски дејствија. Во контролата на овој криминал формално на дневна база се вклучени стотици инспектори во повеќе институции но сите молчеле со месеци.

Во исто време случајно или не Македонија нема министер за финансии односно премиерот ги контролира државните пари.

Верувале или не, над 1000 финансови инспектори распоредени низ МВР, УФР, ФП, УБК и истражителските центри на ОЈО, ПОЈМА си НЕМАЛЕ за РЕКЕТОТ на БОКИ. Не случај “Рекет”, ова е “Чернобил” со неконтролирана радијација која го зафатила целиот “корумпиран и  и нефункционален” систем”, пишува во еден од постовите на социјалните мрежи на профил чии анализи најчесто се покажуваат точни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.