Светската оперска ѕвезда Благој Нацески со порака до официјална Софија која се обидува да ја промени бугарската историја на сметка на македонската.

Деновиве ги читам изјавите на бугарските националисти во врска со историјата на македонскиот народ и не можам да се изначудам на нивните небулози. Особено апсурдна е онаа во која ја негираат нивната фашистичка окупација на Македонија. Со ова мое видео сакам да ги потсетам што се случило токму на денешен ден пред 76 години во месноста Моклиште, Тиквешко!, пишува Нацоски кој настапува на најпрестижните светски оперски сцени.

Нацески бара Бугарија да се извини за убиството на 13 младинци во Ваташа и за 18 луѓе во прилепско Дабница во 1942 година за да може да почне нова ера во односите меѓу двата народи.

Белки како знак на добрососедство и пријателство бугарскиот претседател ќе се поклони пред споменикот во Ваташа и ќе му се извини на целиот македонски народ за злосторите како овој и оној во Дабница во 1942, пишува Нацоски за масакрите на бугарската фашистичка војска од 1941 до 1945.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.